Мартин од скалите

Р. Македонија 2006 126 мин Колор Звук играна серија ТВ Продукција Дигитална технологија

Играна серија за деца во шест епизоди, за секојдневниот живот на неколку семејства од една скопска населба.
Наслов на првата епизода е ПЛАЧКО ИЛИ ЗАГОР. Мартин е главниот лик во серијата, негов јунак е Загор од стриповите, на кого се му раскажува. Главна тема на разговор во маалото е разводот на родителите на Еленка и Жарко.
ПАТЕКА НА СРЦЕТО е втората епизода. Во домот на Мартин доаѓа Крале, колега од работа на мајка му. Мартин и татко му се љубоморни и го озборуваат гостинот. Родителите на Мартин постојано се расправаат. Еленка и Жарко не сакаат нивните родители да се разделени и се обидуваат да ги смират. Соседот, дедо Гаврил повеќе не може сам да се грижи за секојдневните обврски и сака да оди во дом за стари лица.
ЖАБИКАРИУМ е насловот на третата епизода. Децата собираат потписи од соседите за дедо Гаврил да не оди во дом, туку сите заедно да се грижат за него. Децата собираат жаби и му ја полнат колата на Крале…
Во четвртата епизода ПЛАНОТ ИТНО-ИТРО, децата се полни со идеи, да ги зближат родителите и да го чуваат дедо Гаврил.
ВО ЕДЕН БАКНЕЖ, петицијата за чување на дедо Гаврил е одобрена, соседите ќе се грижат за него. Родителите на Мартин се смирија, тој бара од нив да има брат или сестра. Но, родителите на Еленка и Жарко се повеќе се расправаат.
Последната шеста епизода е насловена ХЕПИЕНД. Среќен крај за сите. Родителите на Марко се смирија и чекаат бебе. Желбата на Марко за брат или сестра се исполни. И родителите на Еленка и Жарко ги подобрија односите. Среќен е и дедо Гаврил со своето кученце Леско и сте деца од соседството.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.