Медена земја

Република Македонија 2019 85 мин Колор Звук социјален Документарен филм Дигитална технологија

Документарен филм за животот на Хатиџе Муратова, пчеларка од село Бекирлија. Приказна за една средовечна жена, која животот го посветува на одгледување на диви пчели и чување на старата болна мајка. Хатиџе живее во вонстандардни услови и екстремна сиромаштија, но сепак е среќна со своите пчели и ситната заработка од медот што го продава. Оваа скромна жена пренесува силна порака за зачувување на природата. Таа зема половина од медот а другата половина ја остава на пчелите, воспоставувајќи рамнотежа за да може пчеларникот да опстои. Животот и се менува кога пристигнува Хусеин Сем со сопругата и седумте деца. Новите соседи, во борбата за опстанок и прехранувањето на многудетното семејство, го уништуваат пчеларникот на Атиџе.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.