Наука за млади

Р. Македонија 1969 1,11 мин документација, пропаганден Аматерски филм

На 3 јуни 1969 година, во организација на Народна техника, во Скопје се одржала петтата републичка смотра „Наука на младите.“ Настанот, кој традиционално го поттикнувал интересот за наука кај младите, собирал ученици од средните училишта од цела Македонија, кои петта година по ред се натпреварувале во научните дисциплини: физика, хемија и биологија.

На филмската кутија под насловот стои: „ТВВ Бабамов-Аќимовиќ“. Во кутијата има и листови на кои најверојатно е напишан текстот на филмот/прилогот.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.