Неколку цркви од кумановско со царски двери во резба

Република Северна Македонија 2022 23 мин Колор Звук репортажа Аматерски филм Дигитална технологија

Во 18 век, во црквите во кумановско, започнува правец во изградба на царските двери во резба. Иконостасите се во резба, со мотиви на флора и фауна (човечки фигури, винова лоза, животни и сл.) а некои се и позлатени. Таков пример се црквите во кумановско–осоговската епархија: СВ.БОГОРОДИЦА, СВ.НИКОЛА, СВ.ИЛИЈА, СВ.АТАНАСИЕ и други.
Црквата „Св.Богородица“ во село Пчиња е од поствизантискиот период. Таа е еднокорабна, со правоаголна форма. Изградена е 1868-1869 година, живописана од Коста Крстев.
„Св.Никола“ во с. Винце е црква од османлискиот период, со живопис од 1854 година. Престолните икони се дело на Коста Крстев. Денешниот изглед на црквата е од 1845 година, обновена на темелите на постара црква.
„Св.Илија“ во с. Живиње е еднокорабна цркав со правоаголна основа. Живописана е во 1886 година од познатите мајстори: Димитар Андонов Папрадишки и Петар Николов.
Црквата „Св.Никола“ во с. К’шање, градена е во правоаголна форма во 1884. Живописот е од Петар Николов од Велес, препознатлив по волуменозните слики на светителите.
Во село Кокошиње се наоќа црквата „Св.Атанасиј“ од 1842 година. Цркват е со трокорабна градба, живописана во 1886 година од Димитар Папрадишки и Петар Николов.

2022, 30-ти ИФАДФ „Камера 300“, Битола, Специјална плакета за трајни вредности

Музика: Летка Димовска Полизова Наратор: Драган Ивановски
Благодарност до г.Григориј, митрополит Кумановско-осоговски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.