Овој дел од документарниот серијал „Ова е нејзината приказна“ е посветен на Аргиро Папатанасиу од Грција, девојка со специфично име што значи Вредност. Таа во исто време е кревка и силна. На 16 години го загубила семејството. Утеха нашла во спортот и во уметноста (музика и танцување). А нејзина поддршка се пријателите и двете кучиња. Папатанасиу зборува за тешката рута што ја искачила во 2015 година, во близина на Атина. Прикажан е перформанс, во кои се испреплетуваат танцот и планинарењето на Аргиро, прекрасен спој на уметност и спорт.
Напишано од Лидија Кировска
Сценарио : Venessa Beucher и Argyro Papathanasiou Дрон : Petros Pogas Музика : Tommy Guerrero, Argyro Papathanasiu, John oo Fleming, Giovanni Antonio Parricell, Igor Dvorkin & Durcan Pittock