Филмскиот материјал од „Осмиот Мавровски Собир“ од 1971 година, претставува вреден документ за македонската културна историја. Овие средби ги зачувуваат и ги оживуваат традициите на овој регион. Во кадрите, во еден посебно впечатлив момент, се прикажува жена облечена во традиционална носија, која гордо носи голем глинен сад (канаваза) и шише вино со ознаката „Тиквеш“. Овој детал сугерира симболика на изобилство и гостопримство, кои се суштински елементи на македонската културна традиција. Оваа културна манфестација се проследува и со изведба на песни и ора, додека насобраните луѓе ја следат со внимание, аплаузи и љубопитство.
Напишано од м-р Арсим Љесковица
Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ