Документарен филм посветен на охриѓанецот Дики Бојаџи, една од најголемите пливачки легенди во маратонското пливање.
Филмот изобилува со богат архивски материјал, личности кои директно биле поврзани со настаните и успесите на Дики Бојџи во светот на пливањето.
Во 1959 година, Дики Бојаџи учествувал на пливачкиот маратон Шабац-Белград, одржан на реката Сава, и го освоил првото место.
Во 1960 година, на пливачкиот маратонот Капри-Неапол, го освоил првото место. На овој маратон Дики Бојаџи учествувал седум години, заедно со Климе Савин и Атина Бојаџи.
Во 1962 година одржан е првиот Охридски пливачки маратон.
2024, Плакета за репортажа на авторот Љупчо Паункоски, 32 Фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ – Битола
Текстот го читаше: Љупчо Паункоски