Филмскиот материјалот со наслов „Пикасо“, претставува визуелна презентација на дел од неговото творештвото. Регистрирани се неколку композиции карактеристични за неговиот стил, поедноставени фигури, како и сложени сцени со нагласени телесни форми и експресивна поставеност на ликoвите. Делата што се прикажуваат претставуваат модели, женски акти и други драматични композиции во кои доминира човечката фигура. Меѓу прикажаните дела се забележува и портретот на Daniel-Henry Kahnweiler (1957), едно од позначајните портретни остварувања од доцниот творечки период на Пикасо.
Филмскиот материјал има документарен карактер и служи како визуелна архива на дел од неговото сликарско наследство.
Напишано од м-р Арсим Љесковица
Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ