Приказ на живописното село Железнец, сместено непосредно до изворот на Црна река. Приказна за еден од тројцата жители на ова село, Златко или како го нарекуваат Робинзон Крусо. Живее сам и во едноставните нешта го пронашол целото спокојство. Златко е пензионер, вдовец кој 40 години работел во рудникот „Суводол“. Едвај ја дочекал пензијата за да се врати во родното село.Тој си одгледува овошје и зеленчук, си чува живина и кози. Како самиот вели, си прави еко производи за своја употреба. Денот му почнува со подготовка на појадок. Медитацијата ја практикува неколку пати во текот на денот. Бере планински чај, ги храни животните, си прави компот од непрскани јаболки. Шета низ селото и блиската окплина. Навечер е во својот удобен дом и си подготвува вечера.
2023, ГРАН ПРИ, 31 фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ – Битола