Документарен филм за јужноафриканскиот писател и поет Монгани Вали Сероте, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 2012 година. Сероте е роден 1944 год. во Софијатаун, во близина на Јоханесбург.
Неговата поезија дава слика од времето на апартхејдот, расната дискриминација на населението во Јужна Африка, применета од страна на владеачката Национална партија, врз црнечкото население од 1948 до 1994 година. Сероте преку поезијата ја прикажува суровата реалност и зема активното учество во политичкиот отпор. Во филмот е користен црно бел архивски материјал, делови од неговата поезија и разговори со Вали Сароте за време на Струшките вечери на поезијата. За неговата поезија зборуваат: Славе Ѓорѓо Димоски, Иван Џепаровски, Елизабета Шилева, Мите Стефоски и други.
Напишано од Лидија Кировска
Монтажа: Ирена Белул Графика: Аристид Филаков Уредник: Соња Јаќовска Самарџиева Поезијата ја интерпретираат: Арна Шијак и Роберт Вељановски