Последен ден

Р. Македонија 2006 8,52 мин Колор Звук краток игран Аматерски филм Дигитална технологија

Во офф-тон се слуша „Ода на радоста“ од Бетовен и се појавува знакот на Европска Унија. Маж спие во својот стан, се буди и ја чита книгата „Смртта и западната мисла“, од Жак Шорон. Се држи за срцето и паѓа на креветот. Излегува од станот и оди во продавница, купува чоколади и ги става во кеса со знакот на Е.У. Потоа оди во МекДоналдс и јаде хамбургер со кока-кола. Ги изговара речениците: „Ова ли е среќата на животот“, „Ова ли е смислата на живеењето“. Се враќа во својот стан , паѓа на кревет и умира.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.