Пролог

Република Македонија 2014 47 мин Колор Звук биографски Документарен филм Дигитална технологија

Репортажа за Љубиша Георгиевски (1937-2018), истакнат македонски театарски и филмски режисер, дипломат, автор на десетици книги. За неговите професионални успеси и соработка зборуваат: Ристо Стефановски-доајен на македонскиот театар, Бранислав Димитров-драматург, Ѓорѓи Јолевски-актер, Љупчо Тодоровски-Упа-актер, Иван Михајлов-режисер од Бугарија, Небојша Нушиќ-фондација „Нушиќ“ Србија, Сашко Насев-драматург, Владо Јовановски-актер, Кирил Темков-професор по филозофија и др. Сите со пофални зборови за Љубиша како човек, режисер, политичар и една сестрано образована личност. Интервју со Љубиша Георгиевски во неговиот дом, прави новинарката на МРТ Соња Јаќоска-Самарџиева. Георгиевски раскажува за своето детство во родната Битола, студирањето во Белград, работењето во Скопје како режисер и педагог. Како и за политиката и кризата во опшеството на сите полиња. Емисијата е дополнета со инсерти од театарски претстави, во негова режија. Снимена е по повод неговите педесет години работа во театарот.

Напишано од Лидија Кировска

Постпродукција: Владимир Анѓелов

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.