Прослава на 1 мај во Скопје и околината

Р. Македонија 1969 2.44 мин документација Аматерски филм

Во филмскиот запис се доловува празничната атмосфера на 1 мај, Денот на трудот, во Скопје и неговата околина. Камерата најнапред ги следи главните улици на градот кои се украсени со знамиња, транспаренти и весела гужва на граѓани кои со насмевки и чекор во празнично расположение ја исполнуваат урбаната сцена. Се забележува мешавина од официјална свеченост и секојдневна радост.
Потоа објективот се префрла кон излетничките места, каде група луѓе, семејства, пријатели и работни колективи, ја продолжуваат прославата во природа.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.