Документарен етнолошки филм за последните калајџии од Крушево. Калајџискиот занает во минатото бил многу распостранет во Крушево. Денес се останати малку калајџии кои го негуваат овој занает, се собираат во тајфи и посетуваат одредени села во Македонија. Во филмот се прикажани крушевските калајџиски тајфи, како калаисуваат предмети за домаќинство. Сотир Стефановски, претставник на старата генерација крушевски калајџии, се уште работи. Тој е отиден во струшкото село Калишта, за да работи. Потоа по потреба оди во други места низ Македонија. Секоја година на празникот Богородица, што е и нивна еснафска слава, калајџиите од Крушево слават. Одат во црква а потоа во домот на домаќинот, кој таа година е домаќин на славата.