Птици – Боите на Преспа

Р. Македонија 2018 74 мин Колор Звук репортажа Документарен филм Дигитална технологија

Репортажа за природните убавини и флората и фауната на Преспанското Езеро и Преспа, како живеалиште на стотици различни видови водни птици. Од големиот број ендемични и автохтони птици, најзастапени се: пеликани, корморани, лиски, гаврани, патки и др. Неизбежна „декорација“ на Преспанското Езеро се рибарите и ловењето на познатиот преспански крап. Преку снимки со дрон, прикажани се Големото и Малото Езеро и најголемиот остров Голем Град, богати со разновидна флора и фауна. Снимени се пределите во сите годишни времиња, сите убави на свој начин. Во зимскиот период голем број од птиците се селат и повторно се враќаат на пролет.

Напишано од Лидија Кировска

Директор на фотографија Стојановски Цветко
Монтажа Белуп Ирена
Продуцент Попов Перо
Режија Попов Перо

Наратори: Арна Шијак и Миланка Рашиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.