Пулсот на Југославија (The Pulse of Yugoslavia)

1927-1931 ? 15 мин патеписен Документарен филм Дигитална технологија

Веројатно филмот е реализиран помеѓу двете светски војни, односно во периодот меѓу 1927 и 1931 година. Филмот нема тон, музика и наратор. Во него се прикажани снимки од Нови Сад, Белград, Скопје, Кратово и Прилеп. Сцените се разделени со телопи (написи) на англиски јазик и кажуваат за местата и краток коментар, на пр., „Во срцето на Балканот, каде што многу империи се бореле и ги оставиле своите славни траги“.
Овде би ги издвоиле следните поважни одредници: Улици и плоштади во Нови Сад, „Градска куќа“, железничка станица, потоа реката Дунав во Србија, улицата „Кнез Михаилова“ во Белград, панорамски снимки на српски села, селски пазар и нардони носии. Потоа старо Скопје, Калето со касарната, зградата на театарот, Камениот Мост, Мустафа-пашината џамија, Старата чаршија, етничко шаренило од народни носии, турски гробишта, црквата Св. Спас, фреските и резбата во ентериерот, манастирот Св. Архангел Михаил во Варош кај Прилеп, панорами и чаршии на повеќе градови, мостови во Кратово (Јокширски Мост, Чаршиски Мост), археолошки ископини со натпис: „Римски остатоци во Стоби“.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Филмот е набавен од „Ај“ (EYE Filmmuseum) Амстердам, Холандија

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.