Револт

Р. Македонија 1977 28.3 мин Колор Звук Аматерски филм

Филмот започнува со кадри од Скопје, панорама, центарот на градот, Собранието, кадри од секојдневниот живот. Група момчиња се досадуваат во парк, додека градинарот ги полева дрвата. Забавата почнува кога започнуваат да се прскаат со цревото на градинарот. Забавата продолжува по градските споменици и улици, по кои трча групата млади. Момчињата си одат дома. Од дома земаат разни работи, ги фрлаат на куп пред зградата, предметите и сликите ги кршат, а весниците и книгите ки кинат. Револтот продолжува на терасата од зградата, од каде фрлаат разно предмети и весници. Слегуваат пред зградата и ги палат насобраните весници.
Во следната секвенца седат покрај автопат и чекаат превоз. Автостопираат, но, никој не им застанува. На крај тргнуваат пешки.

Асистент на режија Манасковски Симон

Играаат: Лазар Фотев, Алексеј Страчков, Бранко Матевски, Бранко Стојановски, Ванчо Поп Петроски, Стефан Сидовски и Софија Ловачева

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.