Самовилска вода

Р. Македонија 2001 11,40 мин Колор Звук Етнолошки Аматерски филм Дигитална технологија

Прикажано е местото „Самовилска вода“, во близина на кумановското село Зубовце. Тука се наоѓа извор за кој се верува дека е со лековита вода. Луѓето доаѓаат на изворот и се мијат со лековитата вода. Старите алишта ги закачуваат на дрвата по патот и облекуваат нови. Постарите жители на селото раскажуваат како оваа вода и ритуалот со закачување на алиштата, им помогнало на многу болни.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.