Само ѓаволот се плаши од вода

Република Северна Македонија 2022 17 мин Колор Звук Краток игран филм Дигитална технологија

Краток игран филм за другарството на Борис и Кира. Двајцата тинејџери работат и се дружат за време на летниот распуст, покрај Охридското Езеро. Тие изнајмуваат педалинки и продаваат пченка на туристите. Кира е непливач, се плаши од вода. Борис секојдневно ја убедува да влезе во езерото. Во една таква „расправија“, Борис и вели дека таа е ѓавол, бидејќи само ѓаволот се плаши од вода. Тоа многу ја повредува Кира. За да му докаже дека не е ѓавол, таа собира храброст и скока од педалинката во езерото.

Напишано од Лидија Кировска

Музика: Ален и Ненад Синкауз Играат: Ангел Ристоски, Анастасија Јованоска, Тинка Ристоска, Татјана Паскали, Мимоза Ацкова, Стојан Арев, Горан Васиљковиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.