Села што одумираат и се раѓаат истовремено

Р. Македонија 2005 60 мин Колор Звук репортажа ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна програма во три епизоди за македонските села: Сетоле, Беловиште и Лукојца.
СЕТОЛЕ е село сместено на падините на Шар Планина. Над селото се простираат пространи пасишта и букова шума. Чистиот воздух и недопрената природа се погодни за одгледување на пчели, сточарство и лов на диви животни. Слободан Ветеровски од црковниот одбор на с. Сетоле, зборува за празнувањето на празникот Мала Богородица во селската црква „Св. Богородица“. Атанас Ковачевски, секретар на ловечкото друштво „Шар Планина“-Тетово, зборува за богатството на диви животни и развојот на спортскиот лов во пределот на с. Сетоле. Љупчо Трифуновски, пчелар, зборува за квалитетот на медот кој се произведува во селото.
Селото БЕЛОВИШТА се наоѓа во близина на Тетово. Над селото се наоѓа месноста Градиште, со археолошки остатоци од римско време. Низ селото тече Беловишка река, со прекрасни водопади кои се примамливи за туристите кој доаѓаат на ова излетничко место. Во селото има и неколку цркви: „Св.Атанасие“, „Св Врачи“, „Св.Богородица“, „Св.Петка“ и „Св Јован“. За убавините на с. Беловишта зборуваат жители на селото: Томислав Николовски, Далибор Јанчевски и Јован Богоевски.
Селото ЛУКОЈЦА припаѓа на Општина Желинo. Сместено е на падините на планината Сува Гора, во областа Порече. Стојко Јовановски, жител на селото, се сеќава на животот во селото во минатото. Смилко Костовски, зборува за празнувањето на селската слава Св. Илија, во истоимената црква што се наоќа во селото. Ќенан Алиу-градоначалник на Општина Желино, зборува за развојот на Општината која е погодна за развој на селски туризам и сточарство.

Текстот го читаше — Жаклина Илијевска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.