Село Вратница – тетовско

Р. Македонија 12.23 мин документација Аматерски филм

Во материјалот е прикажан рурален пејзаж исполнет со едноставност. Камерата ги следи секојдневните сцени од животот во селото Вратница. Стари лица со изрази на смиреност, овчари кои ги пасат своите стада по зелените падини, како и деца што безгрижно се капат во реката. Сликите на куќите изградени на високите планински предели ја потенцираат блискоста на човекот со природата и традиционалниот начин на живот, кој сè уште опстојува во овој предел. Материјалот создава впечаток на носталгична автентичност и документарна вредност.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.