Скендербег и Светиград

Р. Македонија 2007 50,40 мин Колор Звук историски ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарен филм за големиот средновековен воин Ѓорѓи Кастриот-Скендербег (1405-1468). За неговата големина како војсководец и заштитник на христијаните, сите се сложни. Меѓутоа, неговото етничко потекло, дали е Mакедонец, Aлбанец, Грк, Влав, или Србин, е предмет на дискусија. Проф. д-р Љубинка Басотова, за потеклото на Ѓорѓи Кастриот се повикува на авторот Марин Барлети, во неговото дело од 15 век, „Животот и херојските дела на христовиот воин Ѓорѓи Кастриот, кнез на Епирците“. Таа истакнува дека јасно е воочливо дека Ѓорѓи Кастриот е Македонец. Музафир Бислими, доктор по историски науки, зборува за албанското потекло на Скендербег. Тој е автор на делото „Борбите на Скендер-бег со османлиите, со посебен осврт на Македонија“.
Во многу големи битки со османлиите, Скедербег, извојувал победи. За време на битките, војската на Скендербег употрбувала сабји кои сечеле од двете страни. Поради тоа е споредуван со големиот војсководец Александар Македонски.
Како најпозната битка на Скендербег се издвојува онаа за Светиград (1449 г.), клучно стратегиско место, во близина на Дебар, кога османлиската војска предводена од Мурат II, тргнала да го порази.
Скендербег, послужал како инспирација на Григор Прличав, кој го опеал во поемата „Скендербеј“. Филмот завршува со стихови од оваа поема.

Организатор на снимање Игновски Павле
Монтажа Крстиќ Срѓан
Сценарио Чупоски Атанас
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.