Документарна програма за Заводот за здравствена заштита и рехабилитација – Бања Банско. Штитениците на Заводот зборуваат за нивниот престој таму. Прикажани се нивните секојдневните активности. Зборуваат колку им е убаво, како се дружат, учат, се забавуваат и ја добиваат потребната медицинска нега. Вработените во заводот: Наташа Георгиева-директор, Ружа Киселовска-социјален работник, Ванчо Новаков-социолог, Лилјана Јанева-педагог, Панчо Василевски-наставник и др., зборуваат за наставните и воннаставните активност и работата со лицата со физичка попреченост. Како и за нивните успеси, кои ги постигнуваат, пред се, во уметноста. Долги години во домот претстојува и Роза Мојсова. Таа пишува поезија и слика со уста. Со своите слики е позната и надвор од Македонија, каде имала свои самостојни изложби. Во Заводот успешно работи и копаничарска работилница.
Главен и одговорен уредник — Ѓорѓи Калајџиев