Танц со куклите

Р. Македонија 2005 10,12 мин Колор Звук краток игран Аматерски филм Дигитална технологија

Девојка со фотоапарат се шета низ центарот на Скопје. Застанува да фотографира маж, седнат на тротоар, како проси. Девојката му дава пари на просјакот и продолжува. Момче храни гуски на нива, кога тргнува да си оди го гледа мажот (просјакот), како се држи за срце. Момчето приоѓа до него да му помогне. Девојката со фотоапаратот оди во Куклица да ги фотографира камените кукли. Двајцата млади имаат привиденија дека се невеста и младоженец, иако не се познаваат. Кога по патот ќе се сретнат, ќе се препознаат од привиденијата и ќе се заљубат.

Улоги: Стефан Сидовски, Мила Исаковска, Мартин Поповски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.