Темно огледало

Република Македонија 1969 11 мин Звук психолошки Краток игран филм

Човековиот ум и организам се способни за врвни дострели во уметноста и техниката, но во ситуации надвор од човековата моќ или поради монотонијата на работниот процес во кој доминира машината, доживуваат повреди што значат не само физички туку и психички трауми. Со цел да се вратат во нормален животен процес, овие пациенти во Заводот за рехабилитација се подложени на несебична помош, лекување и внимание. Филмот е реализиран во соработка со Сојузот на трудовите инвалиди на Македонија.

Директор на фотографија Михајловски Бранко
Организатор на снимање Вељковиќ Предраг

Други соработници: асистент снимател — Миле Ивановски избор на музика — Милка Герасимова текст — Ѓорѓи Џоџа Ајановски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.