Титов подземен град

Р. Македонија 2016 8 мин Колор Звук Аматерски филм Дигитална технологија

Во Босна и Херцеговина, на 10 км. од Коњиц, се наоѓа најголемото подземно скривалиште во поранешна Југославија. Скривалиштето се градело од 1953 до 1979 година и е со површина од 25 000 метри квадратни. Планирано е внатре да може да се сместат 350 луѓе од политичкиот и воениот врв на СФРЈ. Прикажана е куќата во која се наоѓа влезот на скривалиштето и внатршноста на скривницата. На вториот кат се просториите на Тито и Јованка Броз. Ентериерот е современо опремен со сите удобности за живеење и работење.

2016, 24-ти ФАДФ „Камера 300“

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.