Документарна програма за празнувањето на Коледе и Бадник во неколку струмички села. За коледарскиот оган, песните и даровите што се даваат на Коледе, зборуваат жители на с. Сушица, Ново Село и с. Самоилово. Тие раскажуваат како се празнувал празникот во минатото и денес. Во нивните села зачувана е автентичната форма на празничните обичаи. Ноќта помеѓу 5 и 6 јануари се пали оган, за да ги зачува луѓето од злите духови, а потоа коледарите во групи одат по домовите каде ги будат домаќините, предупредувајќи ги на опасност. Домаќините во знак на благодарност им даваат дарови: ореви, костени, јаболки, пари и др.
Благодарност до жителите на селото Сушица, семејството Трендафилови од селото Самоилово и Трајчо Ангелов од Ново Село