Филигран, накит, вез

Република Северна Македонија 2023 7,30 мин Колор Звук документарен Аматерски филм Дигитална технологија

Филм за летната школа, во рамките на проектот „Афирмација на културата и традицијата преку креативни и иновативни занаети за млади“. Целта на проектот е да се спречи изумирањето на старите занаети. Младите да се доближат до старите занаети, да направат спој меѓу старото традиционално и новото модерно. Нела, Ана, Илина и Ангела се дел од учесничките во летната школа. Тие под раководство на ментор изработуваа накит, везови и филигран. Во атељето за креација, се дружат, забавуваат и творат предмети од сребро и глина. Школата се одржува во Битола и е под покровителство на Министерството на култура на Р.С.Македонија.

2023, Специјална Плакета, 31 Фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ – Битола

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.