Филмски новости бр.110/48

Југославија 1948 1,28 мин Журнал

ПРИЛОГ 1 – ПРВЕНСТВО НА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА АРМИЈА ВО СКИЈАЊЕ /
Информативен прилог од одржување на натпревар на припадниците на ЈА на Попова Шапка. Натпреварот се одвива во дисциплините слалом, спуст, брзо одење и скокови. Камерата швенкува лево по построените натпреварувачи. Следуваат кадри од старт на натпреварот, брзо одење на патека, спуст на војниците и пристигнување на целта. Потоа, прикажан е дел од натпреварот во слалом и скокови. Во последните кадри натпреварувачите се фотографираат и во крупен план се прикажани дваца од нив со натпреварувачкиот број.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.