Филмски новости бр.112/48

Р. Македонија 1948 1,8 мин Журнал

ПРИЛОГ 1 – МАКЕДОНИЈА – ВО ФАБРИКАТА ЗА МАСЛО /
Од производствениот процес во фабриката за масло „Благој Ѓорев“ во Велес. Редоследно, од погоните на фабриката, преку кратки кадри прикажан е процесот на производство на сончогледово масло, од семе до финален производ. Технолошкиот процес на добивање на суровото масло започнува со пресување на сончогледовото зрно, преработка на добиената суровина, рафинирање и добивање на масло за јадење. Последните кадри од прилогот се од полнење и складирање на маслото во лимена амбалажа.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.