ПРИЛОГ 1 – ВО ПОСЕТА НА СЕЛОТО ОБЕНЕШЦИ /
Прилогот содржи информации за развивање на здравствената заштита и згрижување на најмладите во селата, во сезонски детски јасли. Во среден план, екипи на здравствена организација на НРМ, пристигнуваат пред објект на кој стои натпис: „Сезонски детски јасли с. Огњанци“. Екипите го опремуваат објектот со помошни средства и детски реквизити. Потоа следуваат превентивни лекарски прегледи за здравствената состојба и психомоторниот развој на доенчиња, на мали и на деца од предучилишна возраст. Последните кадри се снимени во ентериер на детските јасли. Филмскиот запис е без тон, во насловот стои село Обенешци, но според натписот на објектот најверојатно се работи за с. Огњанци, во областа Блатија, источно од Скопје.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска