Филмски новости бр.120/48

Југославија 1948 1,14 мин Журнал

ПРИЛОГ 1 – НОВО ОДМОРАЛИШТЕ ВО ОХРИД /
Запис од изградба на одморалиште во Охрид. Во почетниот кадар, со движење на десно, направена е панорамска снимка на Охрид. Во останатите кадри прикажани се неколку градежни активности од изградба на објектот: подготовка на бетон, рачно и машински, армирачка конструкција при подготовка на подлога за бетонирање на плоча и покривна конструкција. Во последниот кадар од полутотал на карабина на одмаралиштето, со движење на десно, се забележува друг објект во изградба на брегот на Охридското Езеро. Филмскиот запис е без тон, но најверојатно се работи за изградба на синдикалното одморалиште „Орце Николов“ во Охрид.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.