Филмски новости бр.138/48

Југославија 1948 1,21 мин Журнал

ПРИЛОГ 1 – ВО ПИОНЕРСКИТЕ ЛЕТУВАЛИШТА НА МАКЕДОНИЈА /
Филмски запис снимен во пионерските летувалишта на Охридското Езеро и на Пелистер. Голем број деца се капат, пливаат и играат топка во вода. Во неколку кадри прикажани се утринските активности на децата во летувалиштето на Пелистер. Tрубачот труби збор. Пионерите пристигнуваат и го поздравуваат знамето кое се вее на јарболот. Следува час по утринска гимнастика. Во тотал од горен ракурс, забележана е колона пионери која се движи низ шумски предел на излет во природа. Во последните кадри опфатени се содржини од програмскиот дел на излетот: наставничка чита пред групата, децата играат козачко оро и балетска точка во изведба на две девојчиња.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.