Филмски новости бр.14/51

Југославија 1951 1,6 мин репортажа Журнал

ПРИЛОГ 2 – ШАРПЛАНИНСКИ СПУСТ /
Краток нецелосен прилог од најстариот меѓународен скијачки натпревар на Балканскиот регион, традиционалниот „Шарпланински куп“, на Попова Шапка. Камерата преку неколку кадри го следи стартот на натпреварот, техниките, брзината, и ризикот на спустот, до влегувањето на целта. Во еден панорамски кадар прикажан зимскиот центар, Попова Шапка. Во средно крупен план снимен е победникот Тине Мулај од Словенија, со пехарот. Во истиот план е и завршниот кадар на три Австријки со пехар.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.