Филмски новости бр.148/48

Југославија 1948 1,36 мин Журнал

ПРИЛОГ 2 – ИЗЛОЖБА НА ОСЛОБОДИТЕЛНАТА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД /
Прилог посветен на изложбата на ослободителната борба на македонскиот народ во Даут пашин амам во Скопје. Швенк по амамот и влезот каде влегуваат многу посетители.
Во галеријата се изложени голем број фотографии на борци кои учествувале во НОБ и фото-документација, воена опрема – оружје, брошури, историски документи, воени мапи, сведоштва, прогласи, рељеф – макета на НР Македонија и други материјали поврзани со народно-ослободителната борба. Швенк по бисти на македонски народни херои. Снимателот во неколку наврати се задржува на посетителите на изложбата.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.