Филмски новости бр.15/45

Југославија 1945 3,40 мин Звук Журнал

ПРИЛОГ 1 – ПРОСЛАВА НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ВО СКОПЈЕ /
Прилогот е снимен во Скопје, на 2-ри август, кога македонскиот народ за прв пат слободно го празнува својот национален празник. По тој повод одржано е големо дефиле на Југословенската армија. Од благ горен ракурс, со статични кадри, прикажани се трупите на пешадија, коњаница, артилерија и тенковите, поздравувани од народот. Потоа, во Крушево, на местото каде е дигнато Илинденското востание, претседателот на македонското собрание Методија Андонов Ченто му предава запалени факли на др. Рибар. Нa собирот говорат: Моша Пијаде, Димитар Влахов и генерал Светозар Вукмановиќ Темпо. Митингот го поздравија генерал Глотоцки, во име на Црвената армија, бугарски офицер во име на Бугарската армија и претставник на Советската мисија. Прославата завршува со спортски настап на македонската младина и народна веселба.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Поповиќ М.
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.