ПРИЛОГ 1 – ДЕМОНСТРАЦИИ ВО КОПЕР И СКОПЈЕ /
Нецелосен прилог од демонстрациите во Скопје и Копер, против кампањата на италијанските иредентисти и ставот на западните сили по прашањето за Трст. Прилогот започнува со движење на голем број демонстранти со транспаренти и знамиња низ улиците на Копер, Словенија. Од тотал, горен ракурс и швенк, снимена маса народ пред Преторскиот дворец на градскиот плоштад во Копер. Пред присутните се обраќа говорник. Следуваат кадри од демонстрации во Скопје. Во тотал од горен ракурс прикажани голем број граѓани со транспаренти на градскиот плоштад. Пред присутните зборува Кемал Сејфула, прикажан во крупен план. Додека течат кадрите, нараторот. Во оф тон нараторот соопштува за текот на протестите и бројот на демонстрантите, околу 1000 во Копер и 50.000 граѓани во Скопје.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска