Филмски новости бр.17/51

Југославија 1951 0,37 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ТУТУНСКИ ИНСТИТУТ ВО ПРИЛЕП /
Нецелосен прилог од производство на првите експериментални цигари, во новоформираната фабрика за цигари во склоп на Институтот за тутун, во Прилеп. Швенк по сушниците, потоа зградата за ферментација на тутунот и самиот институт. Следуваат кадри од производствениот процес, дробење на тутунот, машинска преработка, се до финалниот производ, паковка со цигари. Во последниот кадар прикажани се кутии, а на секоја од нив е нагласено името „Опитна цигара“, во нумерации од 1—7, зависно од квалитетот, односно степенот на усовршувањето на технологијата за производство на цигари, и слика на институтот.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.