ПРИЛОГ 1 – ПРОСЛАВА НА ПЕТГОДИШНИНАТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА /
Целокупниот филмски прилог е посветен на прославата на петгодишнината од создавање на Народна Република Македонија и годишнина од Илинденското востание. Ноќни снимки од свечениот изглед на Скопје, по повод празникот 2 Август. Во централното подрачје, од Камен мост со швенк на лево до Ристиќевата палата, во тотал од горен ракурс, прикажан е плоштадот „Маршал Тито“, на кој се забележува многу народ, собран да ја прослави годишнината. Јосип Броз Тито, во маршалска униформа, излегува на подиумот и се обраќа на присутните. Камерата на кратко ги регистрира Лазар Колишевски, Владимир Бакариќ и Димитар Влахов.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Снимател: Т. Звезданиќ