Филмски новости бр.190/49

Југославија 1949 1,45 мин репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО КАЈАК /
Краток филмски запис за државен натпревар во кајак на Црн Дрим. Од горен агол на село, камерата се спушта до брегот на реката, на старт на кајак патеката. Натпревар се одржува во категорија мажи и жени во индивидуален кајак. Од горен ракурс е снимен текот на Црн Дрим и возење на кајак по мирни води и брзаци. Последните кадри се од пристигнување на кајакарите на целта и честитки до победниците.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.