ПРИЛОГ 1 – ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ИГРИ ВО СКОПЈЕ /
Во Скопје, по повод 11 Октомври, денот на Народното востание на Македонија, се одржува фестивал на народни игри и ора. На фестивалот учествуваат ансамбли од неколку републики и покраини во Југославија. Тапанар во почетниот кадар најавува машка албанска народна игра. Потоа, придружени од звуците на зурла, се изведува машка народна игра од Македонија. Камерата на моменти ја регистрира многубројната публика која го следи фестивалот и аплаудира. Следува мешана машка и женска народна игра од Херцеговина и игра во парови од Војводина. Настанот е следен и од Лазар Колишевски и Димитар Влахов во крупен план. Изведба на мешана народна машка и женска народна игра од Србија. Кон крајот, групна заедничка народна игра на сите ансамбли.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Снимател: Љ. Ивковиќ