Филмски новости бр.22/52

Југославија 1952 0.26 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ПУШТАЊЕ ВО СООБРАЌАЈ НА НОВАТА ПРУГА СО НОРМАЛЕН КОЛОСЕК /
Краток нецелосен прилог од пуштање во сообраќај на новата пруга со нормален колосек Скопје – Гостивар. Швенк на собрани граѓани, на свечено отворање на пругата во чест на роденденот на Тито. Кадар од локомотива украсена со цвеќиња и транспарент со порака: „За родениот ден на другарот Тито му ја подаруваме пругата Ѓорче Петров – Гостивар“. Следуваат неколку кадри од воз во движење и снимка низ прозорец од купе. Мештани мавтаат кон возот во движење. Нараторот известува за изградбата на пругата и нејзиното значење за економскиот и културниот развој на Западна Македонија и побрза изградба на хидроцентралата во Маврово.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.