Филмски новости бр.27/52

Југославија 1952 0.45 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНСКИ ЗОГРАФ, ДИМИТРИЈА АНДОНОВ /
Нецелосен прилог посветен на последниот македонски зограф и иконописец, припадник на Дебарската школа и зографскиот род Ангелковци, Димитрија Андонов Папрадишки. Почетниот кадар снимен во малиот двор на семејната куќа. Двајца новинари се ракуваат со Андонов. Во својата длабока старост, тој седи покрај штафелај и слика. Уметникот снимен од друг агол во крупен план. Покрај плодна активност во црковното сликарство, тој е познат и како историски сликар и портретист. Додека тече разговорот со новинарите, наизменично со швенк прикажани се неколку негови познати слики, пејзажи и портрети меѓу кои: Оро /1952 (1953), Гоце Делчев /1943, Портрет на Љубица /1924/1925, Мајка и дете /1949, Мотив од Драгачево /1932 и др. Автопортрет од 1934 година.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.