ПРИЛОГ 1 – ПОДАРОК НА МЛАДИНАТА ЗА СЕЛОТО /
Нецелосен прилог од изградбата на хидроцентралата во село Тресонче, на падините на планината Бистра, во областа Мала Река. Панорамски поглед на селото и тотал на стадо овци на пасиште. Патот до селото е изграден со основање на задругата во 1947 година. Во изградба на хидроцентралата учествуваат ученици од Електротехничкото училиште во Скопје. Сите подготовки и работни задачи од ѕидарски до монтажни се изведуваат од самите ученици. Преку менување на неколку планови следуваат кадри од изградба на хидроцентралата, поставување на електрични столбови, се до спроведување на електричната енергија до домовите.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Снимател: : Т. Звезданиќ