Филмски новости бр.32/51

Југославија 1951 0.46 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ПРОСЛАВА НА ИЛИНДЕН /
Краток нецелосен прилог од прославата на 48-та годишнината од Илинденското востание и прогласувањето на Крушевска Република, како и прослава на 7 години слободна Македонија. Панорамска снимка на Крушево, улици во чаршијата од каде се гледа црквата Св. Никола, во централна позиција во градот. Говорник на трибина се обраќа пред присутните на настанот. Потоа, следуваат кадри од доделување на спомен-обележја на преживеаните востаници. Во тотал, од горен ракурс, прикажана спомен плоча, подигната на местото каде се наоѓала куќата, од каде штабот на востаниците го прогласил Илинденското востание и Крушевската Република. Крупен план на натписот на спомен плочата.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.