Филмски новости бр.7/50

Југославија 1950 1 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – СВЕТЛОСТ ВО СЕЛО ВЕВЧАНИ /
Во повоениот период во Македонија, една од примарните и сеопфатни задачи, била изградба или обнова на електроенергетските капацитети. Овој нецелосен прилог се однесува на електрификација на село Вевчани. Општ панорамски кадар со швенк на село Вевчани и поглед на главната селска црква „Св. Никола“, сместено во горниот дел на селото. По изградба на сопствена хидроцентрала, во овие неколку кадри од прилогот прикажан е процесот на дистрибутивната мрежа до домаќинствата. Кратки кадри од ентериер на новата електроцентрала, која ќе обезбедува 85 киловат часови и за прв пат ќе ги осветли домовите, училиштето и селската задруга. Во среден план, во последните кадри, прикажана е жена во народна носија како ткае на разбој и маж кој вклучува радио апарат.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.