Филмски новости бр.72/47

Југославија 1947 1,20 мин Звук Журнал

ПРИЛОГ 1 – МАКЕДОНИЈА – ОДГЛЕДУВАЊЕ НА СВИЛЕНИ БУБИ /
Овој краток прилог прикажува процес на создавање на свилен конец. Процесот започнува од самото формирање на гасениците на свилените буби, се до индустриско производство на висококвалитетно предиво од свила. Во јужниот дел на Македонија повеќето од семејствата се занимавале со одгледување на свилена буба. На пролет одгледувачите ги собираат младите листови од дудинка или црница, единствена компонента во исхрана на гасениците. Во среден план од горен ракурс, кој поминува во нормален и швенк на лево, свилобубоодгледувачите ги предаваат на откуп готовите кожурци во свиларската фабрика. Потоа, во неколку кадри прикажан е процес на индустриска обработка на кожурците, се до финалниот производ, предиво од свилен конец.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.