Филмски новости бр.76/47

Југославија 1947 1,20 мин Звук Журнал

ПРИЛОГ 1 – ПРОВОКАТОРСКО ЗЛОСТОРСТВО НА ГРЧКИТЕ МОНАРХОФАШИСТИ /
Прилогот е снимен во Воената болница во Скопје. Тешко ранетиот водник Тушан Љубенко, од пограничната караула 130, е пренесен на лекување во Скопје. Тој е повреден при злосторничкиот напад на југословенската граница од грчките монархофашисти. Кадри од санирање на повредите на ранетиот водник. Антифашистките од Скопје го посетуваат повредениот и му носат дарови. На крај од прилогот следи информацијата за меморандумот, кој владата на ФНРЈ го упатла до Советот за безбедност, по барање на народот за спречување на злосторствата и најстрого казнување на злосторниците, чии провокации го загрозуваат мирот во светот.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.