Филмски новости бр.77/47

Југославија 1947 1,40 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ПРОВОКАТОРСКА ПОВРЕДА НА НАШИТЕ ГРАНИЦИ /
Панорамска снимка на погранично село на грчко-југословенската граница. Во среден план е караула бр.130, местото каде е извршено злосторството на грчките монархофашисти. Во нападот се ранети и убиени чуварите на југословенската граница. Во неколку кадри се забележуваат траги од нападот и е прикажан лесно ранетиот војник Серафим Милошевски. Пред караулата, на местото каде е убиен заставникот Милош Јанковиќ, неговиот татко разговара со граничарите. Од среден план со швенк на десно, преку менување на планови во кои преовладува горен ракурс, прикажано е испраќањето на мртвото тело на заставникот Милош Јанковиќ. Последните кадри од прилогот се од протестот по повод злочинот, со опомена до непријателот за жестоко спротиставување на секој провокаторска повреда на границата.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.