ПРИЛОГ 1 – БЕРБА НА ТУТУН ВО МАКЕДОНИЈА /
Прилогот е реализиран во вкупно 53 кадри, во два дела кои формираат една тематска целина. Статично или со швенк, камерата ги следи фазите во одгледување на тутун во Велешко. Од леите од посеаното семе се корне расадот и се реди во сандаци. Потоа, на направени трапови на одредено растојание рачно се сади коренчето. Следуваат кадри од: берење, нижење, сушење и балирање на тутунот. Вториот дел е од фабрикација на тутунот во Скопје и пакувањето на финалниот производ, цигарите. Раководителот на картонажата, Борис Станевски, го упростил начинот на изработка на кутиите за цигари, со што значително се намалил и бројот на ангажирани работници за таа задача.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска